Што има да рециклирам јас?

Ги фрлаш тањирите во ѓубре после јадење, твојата облека на крајот на денот, или мобилниот кога ќе му се испразни батеријата?

Замисли колку ќе беа полни депониите тоа да го правеше. Но сепак, го правиме тоа секојдневно со отпад кој што може, но не се рециклира.

ЗАПОМНИ

Секое ѓубре што завршува во депонија, се пали за да се направи место за уште, а токсичниот дим и загадувањето од горењето го дишеш ти!

Симболи на амбалажи

  • до
    Фрли во жолт контејнер

    Пластика

    Ознака со број 01 до 07 означува пластика која што се рециклира. Може да се сретне без буквите под знакот, или само буквите 'PET'.

    Види примери

  • до
    Фрли во плав контејнер

    Хартија

    Ознака со број 20 до 22 означува хартија која што се рециклира. Може да се сретне без буквите под знакот, или само буквите 'PAP'.

    Види примери

  • до
    Фрли во зелен контејнер

    Стакло

    Ознака со број 70 до 72 означува стакло која што се рециклира. Може да се сретне без буквите под знакот, или само буквите 'GLS' / 'GL'.

    Види примери

  • до
    Фрли во плав контејнер

    Композит

    Ознака со број 80 до 98 означува композитно пакување од повеќе материјали која што се рециклира. Може да се сретне без буквите под знакот, или само буквите 'C', 'C/PAP', 'C/LDPE'.

    Види примери

  • до
    Фрли во жолт контејнер

    Метали

    Ознака со број 40 и 41 означува железно или алуминиумско пакување кое што се рециклира. Може да се сретне без буквите под знакот, или само буквите 'FE', 'ALI'.

    Види примери

  • Електронски Отпад

    Постојат 2 опции за рециклирање на електронски отпад:

    • Да го однесеш во продавница каде што се продава електронска опрема. Тие се должни да го преземат, без разлика дали е купен од таму
    • Да се јавиш во Нула Отпад (070-236-000) за да го подигнат од твојот дом

  • Чистко

    НЕ Е СИМБОЛ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ Овој симбол е едноставно потсетник дека треба да ја држиме чиста животната средина

  • Green Dot

    НЕ Е СИМБОЛ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ Означува дека за пакувањето е платен надомест за постапување со отпадот по употребата

  • Празен Мобиус

    НЕ Е СИМБОЛ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ Означува дека ова пакување можеби се рециклира, но не гарантира дека е прифатено од центри за рециклажа

Мапа на контејнери за рециклирање

Жолт - Пластика / Метали
Зелен - Стакло
Плав - Хартија / Композит